Дома Фудбал Италија Италијанските новинари го бојкотираат натпреварот Јувентус – Милан: Не патуваме таму!

Италијанските новинари го бојкотираат натпреварот Јувентус – Милан: Не патуваме таму!

Денес е потврдено дека натпреварот од италијанскиот Суперкуп кој ќе се одржи на 16-ти јануари наредната година ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Италијаните веќе некое време натпреварите од Суперкупот на Италија ги играат надвор од Италија, а овој пат одлучено е Јуве и Милан за трофејот да се борат во Џеда, Саудиска Арабија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ваквата одлука предизвика разочарување во Италија.

Имено, после убиството на новинарот Џамал Кашоглу настана голем скандал бидејќи се знае дека Саудиска Арабија наредила да биде убиен, а тоа и пречи на јавноста во Италија.

Здружението на новинари во Италија бараше овој натпревар да не се игра во таа земја.

„Тоа е земја каде што се убиваат новинарите и вие од нас барате да патуваме таму и да известуваме за натпреварот. Тажни сме и разочарани што нашето барање беше одбиено и сигурно ќе го бојкотираме тој натпревар“, соопштено е од здружението на новинари на Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал ја сака младата ѕвезда на Реал

Арсенал покажува сериозен интерес за талентираниот играч од Реал Мадрид, Арда Гулер. Некои…