Дома Фудбал Италија Италијанските клубови изгласале: Познат датумот на кој сакаат враќање на Серија А!

Италијанските клубови изгласале: Познат датумот на кој сакаат враќање на Серија А!

Италијанскиот министер за спорт Виченцо Спадафора денес потврди дека клубовите во Серија А од 18. мај ќе имаат дозвола за тренирање во групи.

Играчите на италијанските клубови во тренинг центрите се вратија уште минатата недела и се спремаат за продолжување на сезоната. Спадафора денес потврди дека клубовите добиле дозвола да планираат и екипни тренинзи кој ќе се прават во помали групи од 18. мај.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека е одржан и состанок на челниците на Серија А со претставниците на клубовите. Како што пишува „Тутомеркато“ на денешената видео конференција клубовите искажале јасен став сезоната да продолжи.

Исто така управата на Серија А донела одлука сезоната да продолжи на 13 јуни и сега се чека само зелено светло од владата. Доколку италијанската влада го одобри ова барање тогаш е јасно дека Серија А се враќа на 13. јуни на тоа сите се надеваат.

Треба да се додаде дека раководството на лигата барало да се продолжи рокот за завршување на сезоната. УЕФА на лигите им даде рок до 3. август после што ќе се играат европските натпреварувања. Италијаните бараа рокот да биде продолжен до 14. август, меѓутоа УЕФА тоа барање го одби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо го носи Де Брујне во Ал Наср

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот и кариерата да …