Дома Фудбал Италија Италијанската Влада соопшти: Ако еден фудбалер во Серија А биде позитивен на корона цела лига ќе се прекине!

Италијанската Влада соопшти: Ако еден фудбалер во Серија А биде позитивен на корона цела лига ќе се прекине!

Веќе некое време во Италија владее вистински хаос поради коронавирусот, последната одлука која сега веројатно нема да биде променета е бидејќи нема време за одложување сите натпревари до 3. април да се играат без публика.

Постои опасност и првенството да биде прекинато, а како што објавија од италијанската Влада тоа ќе се случи ако некој фудбалер од Серија А биде заразена со коронавирусот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Клубовите и нивниот медицински персонал се задолжени да ги контролираат сите играчи, тренери и директори, односно сите кои се присутни на натпреварот. На тој начин ќе го спречиме ширењето на вирусот“, гласи препоркатан а италијанската Влада.

Натпреварите кои беа одложени минатиот викенд помеѓу кои беше и дербито помеѓу Јувентус и Интер ќе се играат во недела. Натпреварот кој привлекува најголемо внимание е дербито помеѓу Јувентус и Интер кое е закажано за во недела од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…