Наполи вчера одигра одличен натпревар и славеше со 4:1 против Салернитана.
Еден од стрелците за клубот од Неапол во овој натпревар беше Лоренцо Инсиње. Инсиње во 53. минута од пенал го постигна четвртиот гол за својот тим. Тој гол за Инсиње беше 115-ти во Наполи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со оваа бројка Инсиње се изедначи со легендарниот Диего Марадона и се запиша во историјата на клубот. Инсиње од поодамна ужива статус на легенда помеѓу фановите на овој клуб, а сега тој статус и ќе се зацврсти.
Сезонава Инсиње постигна пет гола и запиша четири асистенции во Серија А. Ќе потсетиме, по завршувањето на сезоната Инсиње за богат договор се сели во редовите на Торонто.