Леброн Џејмс изминатата вечер го оствари она за кое што сонуваше во текот на целата кариера успеа да заигра во иста екипа со својот син.
Без разлика што се работи за претсезонски и неофицијален натпревар, Леброн и Брони станаа првите татко и син кои се најдоа во иста екипа на теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со почетокот на сезоната ваквото остварување само ќе се потврди. Леброн и Брони играа во натпреварот против Феникс кој Лејкерс го загубија со 114:118.
Сепак, исходот на овој дуел остана во втор план поради историскиот момент.