Дома Фудбал Германија Испишува нова историја во германскиот фудбал: Таа е првата судијка во Бундеслигата

Испишува нова историја во германскиот фудбал: Таа е првата судијка во Бундеслигата

Бибијана Штајнхаус влезе во фудбалската историја на Германија како првата жена која ја делела правдата на еден натпревар од најквалитетното фудбалско првенство во Германија, а и во најдобрите европски лиги.

Таа вчера беше арбитар дуелот на „Олимпискиот Стадион“ во Берлин меѓу Херта и Вердер кој заврши нерешено 1:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Истовремено Бибијана Штајнхаус е првата жена која судела во некои од ТОП 5 лигите во Европа (Германија, Англија, Шпанија, Италија и Франција).

Штајнхаус, која има 38 години, по професија е полицаец. Правдата на фудбалските терени ја дели од 2007 година, а најважни натпревари на кои има судено во кариерата се овогодишното финале во женската Лига на шампиони и финалето на женскиот турнир на ЛОИ 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Флик збеснал на ѕвездите на Барселона: Играте без дух, интензитет и желба за победа

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, бил бесен на своите фудбалери на утринскиот состанок по…