Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Иранската Влада им се заканила на фудбалерите – морате да ја пеете химната!

Иранската Влада им се заканила на фудбалерите – морате да ја пеете химната!

Владата на Иран испрати закана до семејствата на фудбалерите и репрезентативците кои настапуваат на Мундијалот во Катар.

Пораката до фудбалерите е да покажат „достоинство и интегритет“ во наредните натпревари или во спротивно членови на нивните семејства можат да завршат во затвор, па дури и да бидат измачувани.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Пред натпреварот против Велс Иранците бојкотираа и не ја пееја својата химна. Со таквиот потег тие сакаа да испратат порака до режимот во Техеран, кој сега им врати со предупредување.

Имено, тие биле предупредени да не го повторат овој гест против САД вечерва. Селекторот Карлос Кеироз им соопштил дека може да протестираат, но додека ги почитуваат правилата наложени од ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Пред Осимен сега е само Роналдо!

Виктор Осимен ги изненади сите со својот скок против Фенербахче. Никој претходно во турска…