Дома Трансфер зона Интер стартува нова голема операција: Директорот на клубот веќе е во Минхен на преговори!

Интер стартува нова голема операција: Директорот на клубот веќе е во Минхен на преговори!

vidal

Oткако Интер го доведе Раџа Наинголан од Рома, наскоро „нероаѕурите“ би можеле да претстават уште едно големо засилување.

На изненадување на многумина Наинголан донесе одлука да ја напушти Рома каде што беше еден од најважните играчи и да се пресели во редовите на Интер, клуб со кој потпиша договор до 2022 година.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Меѓутоа Интер се враќа во Лигата на шампионите оваа сезона и нема намера да застане тука.

„Нероаѕурите“ сега го сакаат Артуро Видал кој е се поблиску до заминување од Баерн.

Наводно самиот Чилеанец изразил желба да го облече дресот на Интер, се наведува и дека германскиот клуб нема да му стои на патот.

Според информациите на медиуми, Баерн за Видал очекува оштета од 30 милиони евра што не би требало да биде проблем за управата на клубот од Милано.

Директорот на Интер Пјер Ауслио веќе е во Минхен каде што работи на трансферот и ќе се обиде да го купи Видал за 23 милиони евра, сепак како што споменавме и 30 милиони не би требало да претставуваат проблем за играч каков што е Видал

Иначе Видал веќе играше во Серија А каде што го носеше дресот на големиот ривал на Интер, Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Британците тврдат: Халанд сака да замине – го известил и Манчестер Сити?!

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд најавил заминување од Манчестер…