Интер оваа сезона донесе тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед, но не престанува да работи на нови засилувања од „Олд Трафорд“.
После Лукаку, Санчез и Ешли Јанг, сега „нероаѕурите“ се силно заинтереситрани за двајца таленти на „црвените ѓаволи“, а станува збор за Чарли Веланс и Џејмс Гарнер.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Скаутите на Интер веќе подолго време ги следат настапите на двајцата таленти на школата на Јунајтед и се многу задоволни од нивните квалитети.
Веланс има 17 години, а Ганер 18 години и двајцата важат за едни од најголемите таленти во академијата на Манчестер Јунајтед. Поради тоа „црвените ѓаволи“ сметаат дека двајцата имаат иднина во клубот и сакаат да ги задржат со нови долгорочни договори.
Меѓутоа, Интер веќе работи на
нивните трансфери и е во постојан контакт со нивните агенти, а англиските
медиуми тврдат дека големи се шансите двајцата да се преселат во Милано на
лето.