Дома Топ вести Интер прави „дрим-тим“ – спремна е понуда за Милинковиќ – Савиќ

Интер прави „дрим-тим“ – спремна е понуда за Милинковиќ – Савиќ

Српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ веќе подолго време е на мета на многу европски гиганти, но и понатаму е дел од Лацио.

Ова лето силно се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но трансферот не се реализира бидејќи Погба остана на „Олд Трафорд“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сега најсериозен кандидат за неговиот потпис е милански Интер, кој оваа сезона има големи амбиции и прави силен тим со кој ќе може да атакува на Скудето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕуроте“ веќе спремиле понуда која ќе биде испратена на адреса на Лацио.

Имено, Интер ќе понуди 15 милиони евра за едногодишна позајмица, плус 60 милиони евра за откуп следното лето.

Останува да видиме каков ќе биде одговорот на Лацио, кој тешко дека ќе прифати ваква понуда, бидејќи за слободата на својата ѕвезда бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…