Дома Фудбал Италија Интер потврди: Спалети ја има поддршката од клубот!

Интер потврди: Спалети ја има поддршката од клубот!

Новиот извршен директор на Интер, Бепе Марота денес јавно ја потврди поддршката на клубот кон тренерот Лучијано Спалети.

„Нероаѕурите“ влегоа во серија од негативни резултати, а капката која ја прели чашата беше елиминацијата од Лигата на шампиони.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После тоа веднаш почнаа шпекулациите за евентуален отказ на Спалети, но Марота потврди дека клубот има доверба во тренерот.

„Спалети е одличен тренер. Тој треба да работи спокојно, бидејќи клубот го поддржува во сите негови одлуки. Не е лесно да се постигнат целите кои Интер ги има. Спалети може да биде мирен, бидејќи ја има поддршката од клубот“, изјави Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Семењо не може повеќе да ги чека Челси, Арсенал и Тотнем

Антоан Семењо наводно не е подготвен да чека за Арсенал, Челси и Тотенхем и наместо тоа ќе…