Дома Фудбал Италија Интер потврди: Ериксен останува, Џеко не доаѓа

Интер потврди: Ериксен останува, Џеко не доаѓа

Трампата помеѓу Интер и Рома која ги вклучуваше Един Џеко и Алекс Санчез, нема да се реализира, потврди директорот на „нероаѕурите“, Бепе Марота.

Џеко беше во трансферните планови на Интер уште во летото, па клубот се обиде да го донесе после расправијата на Босанецот со тренерот Фонсека, но договор не беше постигнат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Исто така, Кристиан Ериксен,кој се сметаше дека сигурно ќе го напушти клубот, сепак останува во Интер.

„Пазарот на Интер е завршен. Размена Џеко – Санчез нема да има, не ни влеговме во сериозни преговори за таа трампа. Ние не можиме да си дозволиме да трошиме пари во овој преоден рок. Ериксен сигурно останува во Интер“, изјави Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Како нива: Натпревар во Ла Лига одложен поради ужасниот терен!

Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Овиедо е одложен поради многу лошата состојба на теренот …