Интер одлучил да го продаде Кристијан Ериксен и спремен е тоа да го направи ако некој клуб понуди 30 милиони евра.
Данскиот репрезентативец на лето премина во Тотенхем од Интер, но под водство на Антонио Конте добива многу мала минутажа. Вистинско понижување доби против Реал Мадрид во Лигата на шампионите кога влезе во игра во последните шест минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми сега пренесуваат дека Интер е спремен да го пушти Ериксен да замине во случај да пристигне понуда од 30 милиони евра. Не е исклучена и можност за замена за профил на играч каков што бара Конте.
Играчите за кои Конте според информациите има интерес се Паредес од ПСЖ, Толисо од Баерн, Џака од Арсенал и Фред од Манчестер Јунајтед.