Како што изгледа, Мајами не запира и сака да доведе уште еден поранешен играч на Барселона во своите редови.
Откако го доведе Лионел Меси, МЛС тимот се засили и со Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез, а сега би можел да пристигне уште еден екс-соиграч на Аргентинецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации од Шпанија и САД, Интер Мајами се интересира да го доведе Бразилецот Фелипе Кутињо кој во овој момент настапува во катарскиот Ал Духаил, но не му оди како што очекуваше.
Кутињо наводно сака да си замине. Бразилецот е под договор со Астон Вила кој исто така сигурно нема да прави проблем да се ослободи од неговата плата. Покрај Интер Мајами, интерес за Кутињо покажале уште Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФК.