Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Оваа сезона Ориги настапи на три натпревари за Ливерпул во сите конкуренции, на кои постигна 1 гол и запиша 1 асистенција.
Интерес за него покажуваат италијанските гиганти, Милан и Интер. Конте смета дека Ориги би бил идеална замена за Ромелу Лукаку, додека „росонерите“ во него гледаат замена за Ибрахимовиќ.