Интер спрема големи промени во тимот следното лето, се очекува доаѓање на неколку квалитетни фудбалери и враќање на „нероаѕурите“ на врвот на италијанскиот фудбал.
Како приоритет за „нероаѕурите“ сигурно ќе биде засилување на одбраната, а медиумите тврдат дека дефанзивецот на Лацио, Стефан де Вриј веќе има усмен договор со Интер.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Холанѓанецот игра одлична оваа сезона за Лацио, а тој е само едно од имињата кои се споменуваат како решение за одбраната на „нероаѕурите“.
Медиумите тврдат дека Де Вриј веќе договорил тригодишна соработка со Интер според која ќе заработува 3 милиони евра по сезона.
Притоа, раководството на миланскиот гигант веќе спрмило понуда од 35 милиони евра, што се верува дека ќе биде доволно да се убеди Лацио.