Дома Топ вести Интер го избра насленикот на Џеко

Интер го избра насленикот на Џеко

„Газета дело Спорт“ тврди дека главна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Џанлука Скамака од Сасуоло.

„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач бидејќи Џеко е на залез на кариера, па Скамака е првиот избор на раководството.

Сасуоло за својот напаѓач бара 40 милиони евра, меѓутоа Скамака е желба на повеќе клубови, но според најавите Интер е во пол-позиција.

Скамака блеска во дресот на Сасуоло и веќе има два настапи за италијанската репрезентација, а важи за еден од најголемите таленти на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…