Интер е заинтересирани за десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, пренесуваат медиумите на Апенините.
„Нероаѕурите“ постигнаа договор со ПСЖ за продажба на Хакими, а во Белерин гледаат идеална замена за Мароканецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.
Од Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Шпанецот има долг договор со лондонскиот клуб, а неговата цена се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Inter Milan have made contact with Héctor Bellerín's representatives as they look to replace the outgoing Achraf Hakimi. (Source: @DiMarzio) pic.twitter.com/NrOy80hkuB
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 27, 2021