Дома Фудбал Италија Инсиње отворил „војна“ во Наполи: Ние одиме дома, пренеси му на твојот татко!

Инсиње отворил „војна“ во Наполи: Ние одиме дома, пренеси му на твојот татко!

Кога играчите на Наполи се одлучија за побуна, Аурелио Де Лаурентис веќе си заминал од „Сан Паоло“.

Ситуацијата пред продолжување на сезоната во Наполи воопшто не е добра после вчерашниот натпревар против Салзбург.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека со една реченица после натпреварот со шампионот на Австрија, Лоренцо Инсиње отворил војна под Везув.

Де Лаурентис одлучил играчите после натпреварот со Рома да одат во карантин каде што требаше да останат седум дена, но фудбалерите вчера си заминале во своите домови.

Првиот човек на Наполи веќе бил заминат, па на удар се нашол неговиот син и потпретседател на клубот од југот на Италија, Едуардо Де Лаурентис.

„Ние одиме во своите домови, пренеси го тоа на твојот татко“, со повишен тон му порачал Инсиње во име на сите играчи во соблекувалната.

Анчелоти се обидел да ги смири страстите меѓутоа немал премногу успех. За разлика од фудбалерите, Анечлоти се вратил во карантинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…