Дома Топ вести Иниеста откри кој би бил идеален тренер за Барса!

Иниеста откри кој би бил идеален тренер за Барса!

Луис Енрике дефинитивно ја напушта клупата на Барселона на крајот од сезоната, па веќе подолго време се шпекулира со тоа кој ќе биде негов наследник.

Во медиумите се појавија неколку имиња, а од клубот потврдија дека таа тема е „топ сикрет“ и дека името на новиот тренер ќе го откријат во јуни.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сепак, доколку се прашува капитенот на Каталонците, Андрес Иниеста тој нема дилема дека идеален тренер за Барселона би бил Хуан Карлос Унсуе, актуелниот помошник на Луис Енрике.

„Хуан Карлос Унсуе е човекот за Барселона. Верувајте ми, многу добро го познавам. Има голем капацитет, може да продолжи со планот за развој кој го почна Луис Енрике, а со тоа да ги постигне посакуваните цели за тимот. Секако, на крај одлуката ја носи раководството на клубот по завршувањето на сезоната“, истакна Иниеста.

Кариерата на Хуан Карлос Унсуе како голман започна во Барселона, но настапи само на пет натпревари и тоа во периодот 1988-1990 година за потоа да премине во Севиља, каде остана запаметен како еден од најдобрите и најдолгите чувари на мрежата на тимот со 300 натпревари.

На Енрике му стана асистент во 2014 година. Претходно Унсуе беше тренер на Нумансија во сезоната 2010/2011 и на Расинг Сантандер во 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …