Дома Фудбал Лига на шампиони Иниеста во тага најави крај: Не е вистинско време, но…

Иниеста во тага најави крај: Не е вистинско време, но…

Поразот од Рома во четртфиналето на ЛШ тешко му падна на легендарниот играч на Барселона, Андрес Иниеста.

Искусниот играч од средниот ред после натпреварот истакна дека овој пораз му паднал тешко и дека сите се разочарани, по што најави заминување од клубот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ова е болен пораз и не очекувавме дека ќе ја испуштиме предноста која ја имавме. Големо разочарување за нас бидејќи се надевавме дека ќе ја освоиме ЛШ. Нашите надежи се уништени. Знаеја како да не нападнат, а ние немавме вистинско решение за тие напади.“ – изјави Иниеста, кој потврди дека ова веројатно му е последниот натпревар во ЛШ.

„Веројатно ова е мојот последен натпревар. Сепак, сега не е вистинско време за таква објава. На сите од нас ни е тешко, но до крајот ќе се бориме за трофеи за кои имаме сеуште шанси да ги освоиме.“

Барса до крајот на сезоната ќе се бори за трофејот првак на Шпанија и за Кралскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …