Дома Фудбал Италија Импресивно достигнување на Роналдо 📷

Импресивно достигнување на Роналдо 📷

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо синоќа постигна гол против Динамо Киев, кој беше 750-ти во неговата кариера.

Вакво нешто направиле претходно само тројца фудбалери во историјата, и тоа играчи кои повеќе од 45 години веќе не се активни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првото место на листата го држи Чехот, Јосеф Бицан, кој постигнал 805 гола во кариерата. Пред Роналдо на листата се и Бразилците Ромарио (772) и Пеле (767).

„Постигнати 750 голови, 750 среќни моменти, 75- насмевки на навивачите. Им благодарам на сите соиграчи и тренери кои ми помогнаа да ја стигнам оваа неверојатна бројка. Им благодарам и на лојалните ривали кои ме тераат секој ден да тренирам понапорно и понапорно“, порача Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

От Јувентус веќе преговараат со дефанзивец на Реал Мадрид

Од Јувентус започнале разговори со претставниците на дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио …