Дома Македонски спорт Мак фудбал Имери: Голот го посветувам на нашите навивачи

Имери: Голот го посветувам на нашите навивачи

Со денешниот натпревар помеѓу Струга и Шкупи беше отворено 24. коло од ПМФЛ, а во него победата ја однесе лидерот на табелата, чаирчани славеа со 1:3.

Струга отвори со голот на Босанчиќ, Шкупи во самата завршница од првиот дел изедначи преку Адентуџи за во вториот дел да ги обезбеди бодовите со головите на Марјан Радески и Омар Имери.

По натпреварот за клупскиот сајт зборуваше Имери.

„Среќен сум што постигнав гол и што му помогнав на тимот да победи, успешно ги завршивме нашите задачи на теренот. Овој гол со големо задовлство го посветувам на нашите навивачи кои никогаш не не оставаат сами“, изјави Имери.

Во следното коло Шкупи го чека натпревар против Тиквеш кој ќе го игра на домашен терен.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Заштитата од местење на натпревари е една од важните обврски во ФФМ

Фудбалската Федерација на Македонија преку Комисијата за безбедност и интегритет целосно е…