Дома Фудбал Англија Или многу сонуваш, или не знаеш што сонуваш! Санчез испадна смешен

Или многу сонуваш, или не знаеш што сонуваш! Санчез испадна смешен

Алексис Санчез вчера и официјално стана играч на Манчестер Јунајтед и го облече дресот со легендарната „седумка“.

Чилеанецот не го криеше воодушевувањето за тоа што ќе игра, како што рече „во најголемиот англиски клуб“, а на претставувањето изјави дека уште како мал сонувал да заигра за Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Уште како дете мојот сон беше да играм за Манчестер Јунајтед“.

Познато, зарем не? Медиумите веднаш го потсетија дека истото тоа го кажа и кога пристигна во Арсенал во 2014 година.

„Уште кога бев мал посакував да играм за Арсенал“, рече Санчез во 2014 година.

Нешто силично беше и кога го облече дресот на Барселона.

„Ова е остварување на мојот сон, уште како дете сонував да играм за Барелона. Ова е најголемиот клуб на светот“, беа зборовите на Санчез во 2011 година.

Па одлучи се веќе еднаш, или многу сонуваш!?!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нкунку: Никогаш не сум размислувал да го напуштам Милан

Напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, даде опширно интервју за “Газета дело Спорт”, во кое…