Маурицио Сари е пред промоција за нов тренер на клупата на Челзи, а најголема желба на италијанскиот стратег е напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.
Се очекува Антонио Конте да ја напушти функцијата во наредните недели, а Маурицио Сари ќе биде назначен на негово место. Тој, сепак, побарал гаранции од сопственикот на Челзи Роман Абрамович дека ќе има најмалку 200 милиони евра за нови фудбалери во текот на летото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека најголемата желба на тренерот е напаѓачот на Интер, Мауро Икарди. Аргентинецот има откупна клаузула од 110 милиони евра, која „сините“ наводно се спремни да ја платат.
Икарди моментално преговара со Интер за нов договор, но двете страни се далеку од договор. „Нероаѕурите“ на Аргентинецот му нудат 6.5 милиони евра по сезона, додека напаѓачот бара 9 милиони.
Челзи е наводно спремен да ги задоволи неговите финансиски барања и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Преговорите се во тек и се чека само Икарди да каже ДА, па „сините“ веднаш ќе ја активираат откупната клаузула.
Ecco la #primapagina di oggi: #Calciomercato, #Icardi da #Sarri; #Juventus, Higuaout; #Gigi va #Parigi; Leggi l'#edizionedigitale ➡️ https://t.co/5xALf5G6bE pic.twitter.com/bMyWMXbVrP
— Corriere dello Sport (@CorSport) May 30, 2018