Дома Фудбал Англија Изјава која ќе „крене прашина“ на Островот: Венгер не си заминал сам, бил – избркан!

Изјава која ќе „крене прашина“ на Островот: Венгер не си заминал сам, бил – избркан!

Џек Вилшер после долги години ова лето го напушти Арсенал и кариерата одлучи да ја продолжи во дресот на градскиот ривал Вест Хем.

Во Арсенал на крајот на минатата сезона одлучија да не ја продолжат соработката со Вилшер кој како слободен играч му се приклучи на Вест Хем. Откако ситуацијата околу неговото доаѓање во редовите на градскиот ривал, малку се смири, Вилшер одлучи повторно да го привлече вниманието.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, во изјава за англиските медиуми овој 26 годишен фудбалер изјави дека Арсен Венгер не одлучил самиот после 22 години да го напушти Арсенал, туку добил отказ.

„Влегував во последната година од договорот зборував со Венгер и ми кажа дека нема да ми даде нов договор. Бев повреден, но одлучив да останам и во последната година од договорот. Конечно започнав да играм и во јануари ми кажа дека сака да останам. Бев спремен да ја продолжам соработката, но тогаш го избркаа Венгер и се се промени. Тоа беше чудно чуство и сите бевме шокирани, но никој не сакаше да зборува за она што се случи“, изјави Вилшер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок од Мадрид: Анчелоти заминува пред крајот на сезоната – Реал ќе плати клазула за неговиот наследник!

Карло Анчелоти дојде до крајот на својот мандат во Реал Мадрид! Скај Спорт ексклузивно обј…