Дома Останати Изненадување: Цонга елиминиран од Ролан Гарос!

Изненадување: Цонга елиминиран од Ролан Гарос!

Аргентинецот Ренцо Оливо ја забележа најголемата победа во кариерата откако во првото коло на Ролан Гарос го елиминира домашниот фаворит Жо-Вилфред Цонга.

Дуелот на Аргентинецот и Цонга се играше два дена бидејќи во вторникот беше прекинат, и тоа при водство на Оливо 7:5, 6:4, 6:7, 5:4.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Пласман во второто коло Аргентинецот избори денес откако успеа да го добие десеттиот гем од четвртиот сет. Во решавачкиот гем Цонга не реализира три топки за брејк, а потоа Оливо со прекрасен форхенд си обезбеди пласман во второто коло.

Противник на Аргентинецот во втората рунда ќе му биде Британецот Кајл Едмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Кирјос се врати на терените по две години и – изгуби!

Ник Кирјос две години и два месеци, односно 26 месеци, не играше тенис во вистинска смисла…