Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе после цели десет години ова лето ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“, но нема да замине во Кина како што се најавуваше претходно.
Имено, искусниот Португалец ќе остане во Европа и ќе потпише договор со еден од најголемите европски клубови!
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Марка“, весник кој е добро информиран за фудбалерите на Реал Мадрид тврди дека Пепе веќе постигнал договор со Челзи и од следната сезона ќе игра на „Стенфорд Бриџ“.
Договорот на Пепе истекува на крајот на сезоната, па тој како слободен играч ќе се пресели во Лондон и тоа по барање на тренерот Антонио Конте, кој сака да има повеќе дефанзивци за следната сезона.
Весникот тврди дека дефанзивецот ќе потпише едногодишен договор со „сините“, со опција на уште една година.