За дефанзивецот на ВБА Џони Еванс интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но еден од нив посебно го привлече вниманието.
Имено, според информациите од Островот 30 годишниот дефанзивец повторно во кариерата би можел да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еванс за Манчестер Јунајтед одигра 198 натпревар и со овој клуб три пати триумфираше во Премиер лигата.
Неговиот клуб ВБА каде што пристигна во 2015 е пред испаѓање во Чемпионшип и поради тоа очекувањата се тој на лето да ја промени средината.
Дефанзивецот во својот договор има откупна клазула од само три милиони фунти и неколку клубови од Премиер лигата како Манчестер Сити, Арсенал, Лестер и Манчестер Јунајтед во него гледаат одлично решение во ротацијата.