Дома Фудбал Италија Изненадување од Апенините: Вилшер пристигнува во Јувентус

Изненадување од Апенините: Вилшер пристигнува во Јувентус

Играчот за врска на Арсенал, Џек Вилшер готово сигурно ова лето ќе го напушти „Емирати“, откако Венгер јасно му стави до знаење дека за него нема место во тимот.

Вилшер минатата сезона ја помина на позајмица во Бурнмаут, а ова лето најсилен интерес за него покажуваше Њукасл, но сега во трката се вклучи и еден европски гигант.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува силен интерес за Вилшер и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Старата дама“ е во потрага по квалитетен играч за врска, а поради потешкотиите да дојде до првите мети, сега ќе се насочи кон Англичанецот.

Јувентус ја разгледува опцијата да го донесе Вилшер на позајмица до крајот на сезоната, а после тоа тој ќе остане во Торино како слободен играч и ќе потпише перманентен договор.

За Вилшер интерес покажуваат уште Рома и Сампдорија, па медиумите тврдат дека големи се шансите Англичанецот следната сезона да го гледаме во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тадиќ ги разочара Србите: Ќе потпише за гигант од Шпанија!

Иако Црвена Звезда и Војводина се надеваа дека ќе го привилечат Душан Тадиќ, оваа трансакц…