Дома Останати Изненадување: Надал се повлече од завршниот Мастерс

Изненадување: Надал се повлече од завршниот Мастерс

Најдобриот тенисер во светот, Рафаел Надал, загуби во првото коло на завршниот Мастерс во Лондон од Белгиецот Давид Гофан 6:7, 7:6, 6:4 и по мечот поради повреда на коленото реши да се повлече од турнирот.

Шпанецот мечот со Гофан го загуби по голема борба, а за поразот клучна беше повредата на десното колено, поради која првиот на АТП листата речиси и не можеше да се движи во решавачкиот сет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум подготвен да играм. Се обидов. Премногу во минатото го пропуштав овој турнир“, изјави по мечот Надал, кој никогаш го нема освоено овој турнир.

Прва резерва на Мастерсот е Пабло Карењо-Буста, кој ќе го замени својот сонародник и во групата „Пит Сампрас“ ќе ги одигра преостанатите два меча, против Бугаринот Григор Димитров и Австриецот Доминик Тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вимблдон донесе одлука која на Ѓоковиќ нема да му се допадне

Организаторите на Вимблдон донесоа одлука која ќе подигне многу прашина во светот на тенис…