Фудбалерот на Реал Мадрид, кој е на позајмица во Челзи, Матео Ковачиќ би можел да замине од Лондон на крајот на сезоната, иако многумина очекуваат дека ќе остане англискиот гигант.
Италијанските медиуми пишуваат дека Интер сака да го врати Ковачиќ на „Џузепе Меаца“, откако ќе му заврши позајмицата со Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот плејмејкер го напушти Интер во 2015 година и се пресели во Реал Мадрид за 35 милиони евра, но очигледно за него нема повеќе место во „кралскиот“ клуб.
Во договорот помеѓу Ковачиќ и Челзи нема клаузула за задоволжителен откуп, но „сините“ секако ќе имаат предност да го откупат неговиот договор.
Inter hoping for the worst in Real Madrid-Chelsea negotiation for Kovacic https://t.co/CDr43uzdl3
— FedeNerazzurra (@_FedeNerazzurra) December 31, 2018