Дома Фудбал Англија Изненадувачка одлука: Клоп не планира да купува дефанзивец

Изненадувачка одлука: Клоп не планира да купува дефанзивец

Ливерпул има големи проблеми во дефанзивната линија поради повреди, па медиумите шпекулираа дека „црвените“ сигурно ќе донесат врвен дефанзивец во јануари.

Клоп има големи проблеми во дефанзивната линија поради повреди. Најпрво се повреди Ван Дајк кој ќе ја пропушти целата сезона, а потоа и Џо Гомез кој ќе паузира неколку месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многу дефанзивци се поврзуваа со трансфер во Ливерпул во јануари, како Упамекано, Кулибали, Кабак, Скриниар…

Меѓутоа, новинарот Дејвид Орнстејн тврди дека Клоп не планира да донесе нов дефанзивец во јануари. Ливерпул има веќе спремни планови за следното лето и не сака да ги менува, па во јануари нема да биде донесен врвен дефанзивец.

Клоп ќе игра со алтернативни решенија во дефанзивната линија како Фабињо, кој се покажа одлично како стпор, а второто решение е Џордан Хендерсон да биде преместен како дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Булатовиќ со хет-трик го реши Работнички, реми на Брера и Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Пелистер освои важни три бода во битката за опстанок против Работнички славејќи…