Дома Фудбал Останато Излажал дека е болен за оди на натпревар од Лига на шампиони, а клубот го видел ТВ и го отпуштил

Излажал дека е болен за оди на натпревар од Лига на шампиони, а клубот го видел ТВ и го отпуштил

Во клубот јавил дека е болен, а тие го забележале во текот на преносот во кој бил „уловен“ дури три пати.

Жорди Ван Дер Лан веќе е поранешен играч на второлигашот Телестар, а причината е што клубот го раскинал договорот со него после полуфиналниот натпревар помеѓу Тотенхем и Ајакс.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој 25 годишен напаѓач во неговиот клуб јавил дека е болен и дека поради тоа нема да дојде на тренинг.

Тој ќе поминел незабележано ако не бил толкав несреќеник и не бил снимен дури три пати во текот на пренесот од натпреварот минатиот вторник.

Во клубот немаа милост за „болниот“ Жорди и тој добил отказ.

„Многу непријатна ситуација. Минатата недела разговарав со директорот Пиета Буер и донесена беше одлуката секој да оди по свој пат. Не бев сигурен дали ќе ме пуштат да одам на тој натпревар, па јавив дека сум болен. Сите знаеа дека не сум болен и веројатно не се изненадиле премногу кога ме виделе на телевизија“, изјави несреќниот Жорди.

Тој ќе биде на стадионот и утре кога Ајакс на домашен терен ќе игра против Тотенхем, но овој пат не мора да стравува од камерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…