Мексиканскиот фудбалер во Вест Хем пристигна во текот на летото за 16 милиони фунти, но во досегашниот дел минат во клубот постигна четири погодоци во Премиер лигата, што ниту малку не го задоволува тренерот Дејвид Мојес.
Англичаните шпекулираат дека во Вест Хем изгубиле трпение со 29-годишниот, Чиларито и дека се подготвени да ги разгледаат понудите за него. Како што се наведува за него е заинтересиран Лос Анџелес ФК, каде се пресели и неговиот репрезентативец соиграч, Карлос Вела.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чичарито пред да пристигне во Вест Хем настапуваше во Баер Леверкузен, а низ кариерата беше член на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Депортиво.