Шпанецот не добива премногу шанса во Мадрид.
Како што стојат работите Иско ги поминува последните денови на „Сантијаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот репрезентативец е во немилост на Сантијаго Солари. Кај Лопетеги Иско имаше важна улога, но доживеа повреда, но кај Аргентинецот се почесто натпреварите ги следи од трибините.
После елиминацијата од Лигата на шампионите и поразот од Ајакс со резултат 1:4 на „Бернабеу“ стана јасно дека Иско нема да добие прилика кај Солари.
Имено, Шпанецот не се најде во составот за овој натпревар, одби да биде на трибините, а веднаш имал разговор и со Хозе Анхел Санчез, десната рака на Флорентино Перез.
Иско не чуствува никаква почит кон Солари и не сака да соработува со тренерот на „кралевите“ и ги известил своите претставници да останат во близок контакт со клубовите кои и се поврзуваа со негов ангажман, Јувентус и Манчестер Сити.
Директорот на „старата дама“, Фабио Партичи со месеци работи на составување на план за ангажирање на шпанскиот рперезентативец кој сака да го напушти Мадрид, а во последно време добива сигнали за тргнување во „акција“ кои се се погласни.
Во летото кое следи не очекуваат преговори околу продажбата на Иско, а јасно е дека дека Јувентус и Манчестер Сити се првите фаворити, останува времето да покаже кој ќе стигне прв до потписот на Шпанецот.