Изгледа дека Шпанецот пресече, нема да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, има две понуди од Јувентус и ПСЖ.
Но, Јувентус сака да почека да му истече договорот 2020.година и како слободен играч да го донесе во Торино, што Јунајтед нема да го дозволи. Покрај тоа, Италијанците не можат да му го понудат на Де Геа она што и Мендеш, со оглед на тоа дека се зборува дека тој веќе се договорил со Парижаните, за плата од околу 18 милиони евра, со што Шпанецот би станал убедливо најплатениот голман на сите времиња.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој би потпишал четиригодишен договор со ПСЖ, а ќе видиме колку „Светците“ би платиле обештетување, но тие како што се наведува намеруваат да го продадат Нејмар, со што би избегнале било какви ограничувања на ФФП, а со тоа би го откупиле и Мбапе.
Сумата која се споменува е околу 90 милиони евра, за Јунајте тоа би било одлична работа, со оглед на тоа дека до крајот на договорот му остануваат уште 12 месеци и тоа кога клубот ќе ја активира клаузулата за продолжување на уште една година, а веќе е познато дека како замена типуваат на Џордан Пикфорд, голманот на англиската репрезентација и Евертон.
На Де Геа пред три години му пропадна трансферот во Реал, не сака да остане бидејќи едноставно не гледа дека Јунајтед во догледно време би можел да создаде тим способен да се бори за трофеи, клубот би му понудил слична сума како ПСЖ, но тој сака назад на континентот.
Париз е идеална опција, би го презел едноставно местото меѓу стативите, Буфон би бил резерва, па по се судејќи, Јунајтед нема многу да се прашува, освен ако не сака за 18 месеци да го загуби без обештета.