Фудбалската федерација на Македонија го одржа извлекувањето за првата рунда во најмасовното наше натпреварување – Купот на Македонија.
Трофејот од минатата сезона ќе го брани екипата на Тиквеш и во шеснаестина финалето е слободна, па ќе се вкучи во осминафиналната фаза. Ланскиот финалист Воска ќе игра со второлигашот Башкими, Вардар оди на мегдан кај Новаци, Пелистер против Скопје, Силекс против Карбинци…
- Парови за првото коло во Купот на Македонија:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победа – Гостивар
Џепчиште – Шкупи
Кожув – Арсими
Вардар Неготино – Брера
Јени Маале – Шкендија
Слободен – Брегалница
Беласица – Македонија ЃП
Башкими – Воска Спорт
Охрид – Беса
Шкендија Арачиново – Работнички
Карбинци – Силекс
Борец – Детонит Плачковица
Слога Виница – Струга Трим Љум
Скопје – Пелистер
Новаци – Вардар
Натпреварите се закажани за 18 септември во терминот од 15:00 часот. Се игра еден меч, а доколку по 90 минути е нерешено се пристапува кон шутирање на пеналите