Во големото финале од Лигата на шампионите која оваа година во завршницата се играше во едни поинакви околности силите ќе ги одмерат Баерн и ПСЖ.
УЕФА одлучи правдата во финалето да ја делат судии од Италија. За главен арбитар е избран Даниеле Орсато, еден од најдобрите судии на денешницата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Орсато ќе му асистираат Лоренцо Манганели и Алесандро Гиатини, додека за четврт судија е избран Романецот Овидиу Хатенген.
Во ВАР собата ќе бидат двајца Италијанци, Масимо Ирати и Марко Гвида.
Натпреварот помеѓу Баерн и ПСЖ се игра во недела со почеток од 21:00 часот.