Дома Фудбал Италија Oрсато ја призна грешката од пред три години, од Наполи реагираа: Тоа не чинеше титула!

Oрсато ја призна грешката од пред три години, од Наполи реагираа: Тоа не чинеше титула!

Италијанскиот судија Даниеле Орсадо даде интервју кое предизвика големо внимание на Апенините.

Орсато зборуваше за неговата судиска кариера, тема беа и некои негови спорни одлуки во минатото. Така зборуваше за натпреварот помеѓу Интер и Јувентус одигран пред три години. Орсато сега призна дека во таа ситуација направил грешка кога пропуштил да го исклучи Миралем Пјаниќ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Нема потреба да се гледа снимката после три години. Тоа дефинитивно беше грешка. Интезитетот и контактот за мене во тој момент не беше таков каков што се гледа на ТВ. ВАР не можеше да интервенира“, изјави Орсато.

После оваа изјава на Орсато брзо стигна реакција од Наполи.

„Таа грешка нас не чинеше титула. Пропушти да го исклучиш Пјаниќ и подоцна Јувентус направи пресврт“, порачаа од Наполи.

Изјавата на Орсато беше тема и на вчерашната прес-конференција на Јувентус, но Андреа Пирло не сакаше да зборува на таа тема.

„Не сакам да зборувам за стари епизоди“, кратко порача Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…