Дома Фудбал Англија Игра на зборови пред дербито, Мурињо кон ривалите: Ние не лажеме!

Игра на зборови пред дербито, Мурињо кон ривалите: Ние не лажеме!

Жозе никогаш не е спремен да молчи, нови контроверзии кога во прашање се повредените фудбалери.

Психолошките игри започнаа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мурињо после натпреварот со Русите изјави дека тој за разлика од своите колеги не лаже и дека Манчестер Јунајтед има поинаков пристап отколку ривалите.

„Јас на вас ви кажувам кој е повреден, а кој не е. Значи, Матиќ е повреден, Ибра не е доволно спремен, но ќе биде во конкуренција за настап. Керик сеуште не е во комбинација, како ни Бајли. Се надевам дека ќе бидат спремни Фелаини и Џонс. Тоа е вистина, не сме како другите да лажеме“, изјави Мурињо.

Потоа Мурињо додаде и дека не му верува на Пеп Гвардиола.

„Тие приказни дека Давид Силва е повреден се исти како и оние со Лаказет и Арсенал. Нашите противници секогаш имаат огромни проблеми пред натпреварот, но крајот се комплетни“, истакна Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри стави блокада и уништи веќе договорен трансфер на Милан!?

Враќањето на Тијаго Силва во Милан беше завршена работа, но трансферот во последен момент …