Дома Останати Тенис Играше финале на УС Опен, а во Токио доживеа елиминација во првото коло

Играше финале на УС Опен, а во Токио доживеа елиминација во првото коло

Американецот Тејлор Фриц беше поразен во првото коло на АТП турнирот во Токи од Французинот Артур Филс со 2:1, по сетови 6:4, 3:6, 6:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во второто коло Филс ќе игра против Италијанецот Матео Беретини.

Фриц беше прв носител на турнирот во Токио. Американскиот тенисер го освои турнирот во главниот град на Јапонија во 2022 година, а минатата година беше елиминиран во второто коло. Она што уште повеќе изненадува е што Фриц неодамна играше во финалето на УС Опен.

Холгер Руне во првото коло го совлада Чилеанецот Алехандро Табиљ со 2:1, по сетови 6:2, 5:7, 6:4. Во второто коло ќе игра против Јапонецот Јошихито Нишиока.

Во вториот круг се пласираа и Британецот Џек Дрејпер, Американците Томи Пол, Бен Шелтон, Алекс Микелсен и Брендон Накашима, Чехот Томаш Махач и Австралиецот Кристофер О’Конел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка повторно ги израдува машките фанови – објави „жешки фотографии“ во бикини! (Фото)

Арина Сабаленка уште еднаш докажа дека не ја привлекува само со брилијантната игра на тени…