Дома Фудбал Останато „Меси и Нејмар мораат да освојат СП да бидат подобри од мене, технички сум подобар од Роналдо“

„Меси и Нејмар мораат да освојат СП да бидат подобри од мене, технички сум подобар од Роналдо“

Поранешниот бразилски напаѓач Едилсон (49) тврди дека во најдобрите години бил помеѓу најдобрите фудбалери во светот.

Освојувачот на светското првенство со Бразил од 2002 година тврди дека бил подобар од Нејмар, а дека Лионел Меси мора да го освои Мундијалот за да се смета за подобар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во моите најдобри денови играв подобро од Нејмар. За да биде подобар од мене мора да го освои Светското првенство. Исто така и Меси мора да го освои тој трофеј за да се смета за подобар од мене“, изјави Едилсон.

Не застана тука. Тврди дека технички е подобар од Кристиано Роналдо.

„Роналдо е силен, игра добро со двете нозе, но јас сум технички подобар од него“, истакна тој.

Едилсон само една сезона помина во Европа. Во сезоната 1994/1995 играше за Бенфика за која постигна 17 голови на 31 натпревар.

Остатокот од кариерата го помина во главно во бразилските клубови, а играше уште во Јапонија и Емиратите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…