Дома Фудбал Англија Играч на Манчестер Јунајтед не можел да спие, па одел кај хипнотизер

Играч на Манчестер Јунајтед не можел да спие, па одел кај хипнотизер

Интересна вест се појави во островските медиуми поврзана со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира.

Медиумите во Англија дојдоа до информација дека Переира одел на терапии кај хипнотизер. Причината поради која Периера се одлучил на ваков потег е бидејќи имал проблеми со спиењето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бразилскиот играч од средниот ред немал мирен сон, па побарал совети од пријатели кои го упатиле кај стручно лице. Наводно, после четири сесии Переира го решил проблемот.

Оваа сезона во Переира одигра 22 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна еден гол и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Игор Тиаго со голема шанса да биде дел од составот на Бразил за Светското првенство 2026

Тројца фудбалери ќе се борат за двете преостанати слободни места во составот на Бразил за …