Mладиот фудбалер на Барселона кој во овој момент игра на позајмица во ПАОК, Муса Вагуе доживеа тешка повреда во мечот против Арис.
Вагуе во ПАОК пристигна пред три месеци на позајмица до крајот на сезоната, но сега ќе мора да се врати во Шпанија. Имено, овој 22 годишен фудбалер заработи тешка повреда на коленото против Арис и првите прогнози се дека го чека пауза од дури една година, a најлошите проценки се дека можеби и му е завршена кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вагуе се повреда откако го спаси голот на својата екипа, ја изби топката и се заби во стативата. Сенегалецот со коленото удри во стативата и почна да се превиткува од болки. На носилки беше изнесен од теренот и веднаш беше јасно дека станува збор за тешка повреда. За него сезоната, но и позајмица од Барселона се завршени. Тој ќе се врати во Барелона каде што ќе го оперира коленото.
Moussa Wague has potentially gotten a career ending injury. 😳🥺 pic.twitter.com/HA6kPPoq5X
— ͏Amr 🇪🇬 (@AmrFootball) December 18, 2020