Дома Фудбал Германија Играчите од Бундеслигата избраа: Клоп е најдобриот тренер во светот

Играчите од Бундеслигата избраа: Клоп е најдобриот тренер во светот

Германскиот стручњак Јирген Клоп е избран за најдобар тренер во светот во анкета спроведена од германскиот весник Кикер.

Клоп пред неколку дена го изгуби финалето во ЛШ со својот Ливерпул од Реал Мадрид, но без оглед на тоа ја освои наградата за најдобар тренер на светот, барем според анкетата на весникот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Угледниот германски весник спроведен анкета меѓу 248 бундеслигашки фудбалери од сите 18 клубови и тие го избраа Клоп пред Гвардиола.

Германецот освои 35,7% од гласовите, додека Гвардиола 31,1%. Натаму следат Хејкенс од Баерн Минхен и Зидан, веќе сега поранешниот тренер на Реал Мадрид.

Интересно, Клоп ја освои оваа награда иако не освои ниту еден трофеј оваа сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…