Дома Фудбал Франција Игор Тудор повеќе не е тренер на Марсеј

Игор Тудор повеќе не е тренер на Марсеј


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Хрватскиот стратег Игор Тудор и официјално се раздели со Марсеј.

Тудор заминува по само една сезона откако со Марсеј го освои третото место во Лига 1, а Лигата на шампионите ја заврши во групната фаза, од Купот на Франција испадна откако сензационално го исфрли ПСЖ, па беше поразен од второлигашот Анеси.

Тој разговарал со фудбалерите и ги известил дека заминува. Во последно време се поврзуваше со Јувентус каде што би можел да го наследи Масмилијано Алегри од кого навивачите не се задоволни.

„Ја прифативме одлуката на Игор, благодарни сме му за добрата работа која ја одработи и укажаната почит. Мило ни е поради сезоната која ја поминавме заедно“, изјави првиот човек на клубот Пабло Лонгорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Екипата на Ал Наср со…