Дома Фудбал Англија Ибра со оваа изјава ја разбранува цела Англија!

Ибра со оваа изјава ја разбранува цела Англија!

Златан Ибрахимовиќ иако има 35 години, тој сепак е најдобар играч на Манчестер Јунајтед и од ден на ден го демантира своите критичари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера на мечот против Сандерленд, Ибра го постигна првиот гол, што за него беше јубилеен. Имено, тоа беше 250 погодок за Швеѓанецот, во периодот откако наполни 30 години.

После тоа контровезниот Ибракадабра даде изјава со која ја разбранува целата Англија.

„Тренирам напорно и верувам во себе, знам што можам да направам. Не сум загрижен за годините. Колку сте постар, толку имате поголемо искуство, поинтелигентен сте и не ја губите енергијата на работи кои не ви требаат. Се чувствувам како Бенџамин Батон. Сум се родил стар и ќе умрам млад“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато зошто Инкапие доби црвен картон: Применето ново правило, видено само еднаш (Видео)

Одбранбениот играч на Еквадор, Пијеро Инкапие, доби директен црвен картон во завршницата н…