Дома Трансфер зона Ибра откри каде ќе игра следната сезона!

Ибра откри каде ќе игра следната сезона!

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ ги израдува фановите и призна дека преговара со раководството за продолжување на договорот, кој му истекува во јуни.

Кога потпиша за „црвените ѓаволи“ Ибрахимовиќ доби едногодишен договор со опција за додатни 12 месеци, оваа клаузула се уште не е активирана па затоа често се говори за негова преселба во САД.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Јас сум личност која влегува посветено во се што правам. Она што е важно, јас никогаш не ги оставам работите незавршени. Ја одработувам работата како што треба и си одам“, истакна Ибрахимовиќ.

„Се водат преговори па ајде да видиме што ќе се случи. Имам опција за уште една година, сакам да продолжам да правам големи работи тука. Уживам во Манчестер и ова е без сомневања еден од најголемите клубови на светот. Сега го имаат и еден од најдобрите тренери. Јас сум играч на Манчестер Јунајтед, луѓето ме сакаат тука, го избрав најдобриот англиски клуб“, додаде Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…