Еден од најдобрите напаѓачи во поновата историја, Златан Ибрахимовиќ даде свој коментар за младите ѕвезди Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Во моментов овие двајца млади фудбалери се најпосакувани во светот и уште сега рушат рекорди, па им се предвидуваат големи кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ибра го спореди Мбапе со Роналдо „Феноменот“, додека за Халанд смета дека е опаседнат за голови.
„Кого сакам меѓу младите? Сакам елегантни фудбалери, кои се комплетни. Кога си фудбалер, знаеш како да се движиш, како да размислуваш и да се однесуваш. Ги сакам тие што ги предвидуваат работите пред да се случат. Мислам дека Мбапе ме потсетува малку на Роналдо, Ел Феноменo, неговата игра е многу елегантна“.
„Халанд е исто така многу силен, бидејќи е опседнат со постигнување голови. Гледам дека е многу интелигентен, само сака да постигнува гол и знае како да го направи тоа”, изјави Ибрахимовиќ.